Поминаа 17 години и кусур години откако го означивме почетокот на новиот милениум во 2000 година, но прославата уште трае. Се работи за музичка композиција компонирана токму во таа чест, која свири без прекин од самиот негов почеток, а и ќе продолжи да свири сé до неговиот крај – 31 декември 2999 година. Тогаш ќе се рестартира.
^ Семпл од 1000 секунди
Композицијата е соодветно насловена „Longplayer“, и е дело на композиторот Џем Фајнер. За да ја напише „вечната симфонија“ Фајнер искористил шест конечни парчиња музика, но компонирани се така што можат меѓусебно да се преклопуваат неколку векови без „песната“ да се повтори. По 1000 години (983, поточно), песната конечно ќе заврши и ќе почне од почеток.
Во живо можете да ја слушате ТУКА (веројатно ќе треба да го симнете .pls фајлот).
Во меѓувреме, „Longplayer“ патува низ светот и можете да ја начекате на разни локации, но главната инсталација, која трае од самиот почеток на 31 декември 1999 година, е лоцирана во Lighthouse Trinity Buoy Wharf, Лондон.