Ретро: Песната што ја забрани Тито

tito

Пред 60 години, песнава се најде на црната листа. Автор е самоукиот пејач Драгиша Недович, зад чие име стојат бројни класици од српската народна музика. Откако се разболел од туберкулоза, во 1950 година, тој ја пишува „Pluća su mi bolna“.
Наводно, стиховите од песната се толку потресни, а изведбата на пејачот (Заим Имамович) толку сугестивна, што во тогашна Југославија довеле до низа самоубиства кај луѓе што исто така боледувале од туберкулоза. Пак наводно, заради ваквиот негативен ефект кај народот, Централниот комитет на чело со Тито донел одлука песната да се забрани, а плочата да се повлече од продажба.

Се вели дека песната се вратила во живот неколку години подоцна, кога на еден прием Јованка Броз побарала да ја испее пејачката Нада Мамула. Со тоа, на забраната и дошол крај.

- Реклама -