37-годишниот Анџело Мастропиетро долги години работи како менаџер во голема меѓународна компанија, кога изненадувачки му е дијагностицирана страшната мултиплекс склероза.
За Анџело тоа е знак да го промени начинот на живот – тој ја напушта работата и решава да го оствари најголемиот сон. Купува неколку алатки и самиот претвора една пештера – се наоѓа во Ворчестер, Велика Британија, во куќа во која сега живее.
По стотици часови тешка работа, Анџело се насладува на удобноста, спокојството и подното греење во својата пештера.