Во незгодата пешакот починал на самото место, соопшти Секторот за внатрешни работи Куманово
Шеесет и четиригодишен жител на селото Облавце го загуби животот во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, откако во него удрило возило управувано од државјанин на Србија.
„Денеска (30 октомври 2024 г.) во 17:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода каде возило „пасат“ со српски регистарски ознаки управувано од В.Б.(47) од Република Србија удрило во пешак Б.Д. (64) од село Облавце. Во незгодата пешакот загинал на самото место“,
соопшти Секторот за внатрешни работи Куманово.
Увид на местото извршила екипа на кумановската полиција.
Поради несреќата сообраќајот на магистралниот пат бил во целосен прекин од 17:50 до 19 часот, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).