Peter Gibson (aka Roadsworth) е уметник кој ги преобразува пешачките премини и другите улични знаци во уметност. Тој започнал да ги слика улиците на Монтреал во 2001 година, најпрво мотивиран, како што самиот тврди, од неговата желба за повеќе велосипедски патеки во градот,а потоа заради тоа што сакал да ја стави под знак прашалник севкупната автомобилска култура.
Peter Gibson (aka Roadsworth) е уметник кој ги преобразува пешачките
премини и другите улични знаци во уметност. Тој започнал да ги слика
улиците на Монтреал во 2001 година, најпрво мотивиран, како што самиот
тврди, од неговата желба за повеќе велосипедски патеки во градот,а
потоа заради тоа што сакал да ја стави под знак прашалник севкупната
автомобилска култура.
Во 2004 година Roadsworth бил уапсен за своите ноќни активности и обвинет за вкупно 53 прекршоци. Благодарејќи на огромната јавна поддршка која ја добил веднаш после апсењето, се здобил со минимална казна. Оттогаш му беше дозволено да ги прави прекршоците во име на неговата уметност за која доби и најразлични признанија. Повеќе за него и за неговата уметност можете да дознаете на неговата веб страна .