Перински и Мицкоски разочарани од средбата со Арсовска: Не побарале да си замине, но ѝ дале рок до четврток да презентира план за решение

„Нашите очекувања беа дека од страна на Градот ќе слушнеме некаков план, да помогнеме тој план да се реализира, но за жал не слушнавме ништо. Се договоривме градоначалничката Арсовска до четврток да состави некаков план кој ќе биде презентиран пред советниците. Иако нашите очекувања не се големи, ќе почекаме до крајот на неделата и врз основа на тој план ќе видиме што може владата да помогне“, рече Перински

Градоначалничката на Град Скопје Данелла Арсовска до четврток треба да изработи план за тоа како да се поправат состојбите во Градот и во јавните претпријатија и тој план да биде презентиран пред Советот, по што Вадата ќе види на кој начин ќе може, согласно законските можности, да помогне во реализацијата на истиот. Ова е исходот од денешната средба на Арсовска со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Затко Перински која се одржа во Владата.

Како што рече Перински на прес-конференција, по состанокот биле уште позагрижени отколку пред него. Очекувале некаков предлог од Арсовска за тоа како да се решат пробллемите, но, како што посочи тој, такво нешто не добиле, освен критика насочена кон Советот која, според Перински, е неоснована.

„Нашите очекувања беа дека од страна на Градот ќе слушнеме некаков план, да помогнеме тој план да се реализира, но за жал не слушнавме ништо. Очајна е состојбата во Градот и во јавните претпријатија и генерален заклучок е дека пробллемот лежи во немањето комуникација меѓу советничките групи. Се договоривме градоначалничката Арсовска до четврток да состави некаков план кој ќе биде презентиран пред советниците. Иако нашите очкувања не се големи, ќе почекаме до крајот на неделата и врз основа на тој план ќе видиме што може владата да помогне“,

рече Перински.

Тој посочи дека на средбата главно се разговаралло за две јавни претпријатија, Комунана хигиена и ЈСП.

„Пробемот во Комунална хигиена е најакутен. Очекувавме од Арсовска да слушнеме зошто не се собира отпадот, дали е поради немање механизација, немање кадар, но тоа не го ддобивме тоа. Добивме одговор дека немало сезонци немало доволно работници, оваа година не поминала одлуката за сезонци. Ако годинава не поминалла, ллани помина на Совет па повторно имавме проблем со несобран смет. Не може ние да ја работиме вашата работа вие да зимате плата. Што се однесува до ЈСП, констатиравме дека за дестина дена кога ќе почне школската година ќе имаме многу поголем проблем. На средбата беше аргументиран и фактот дека претходната влада не испаќала за превозот на студентите и тоа било пречката за функциноирање, но со ребалансот го средивме тоа. Се надеваме на конструктивност и од советниците. Ние како влада стоиме на рапсолагање согласно нашите зкаонски ингеренции. Се надеваме ќе има конструктивност и разбирање пред се меѓу вработените и советниците во Градот“,

подвлече министерот за локална самоупорава.

На средбата тој и премиерот не побарале од Арсовска да си замине.

„Состанокот беше во конструктивна насока да видиме кои се решенијата, не е решение Арсовска сега да си замине, кородирна е состојбата во девет јавни претпријатија, некој треба да одговара за тоа“,

дециден беше Перински.

Средбата е прва по преземањето на премиерската функција на Мицкоски, но и прва средба за која јавноста е запознаена по расколот во 2022 година меѓу скопската градоначалничка Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, чија поддршка ја доби на локалните избори една година претходно.

Ова следува откако премиерот им даде „разумен рок на Арсовска и претпријатијата да почнат со работа“ пред Владата да им ги предаде ингеренциите на скопските општини на ЈП „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, како што неодамна едногласно побараа скопските градоначалници.

На новинарско прашање дали Владата ќе ги одземе ингеренциите на јавните претпријатија, Перински рече дека прво ќе почекаат да го видат планот на Арсовска, а потоа ова прашање ќе го разгледаат прво легалистички, односно како би се спровело тоа законски, а потоа и како би се спровело во пракса.

Нагласувајќи дека надлежностите на Градот и градоначалничката се строго регулирани и дека секое непостапување е кривично дело, на прашање дали ќе поднесе кривична пријава против Арсовска, Перински рече:

„Како граѓанин може да поднесам, како министер не“.

Инаку, актуелниот министер за локална самоуправа Златко Перински своевремено беше директор на ЈП „Водовод и канализација“ и беше првиот директор на Јавно претпријатие од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кого градоначалничката Данела Арсовска во 2022 година го разреши од функцијата обвинувајќи го за несоодветно постапување во тендерска постапка. По ова, следуваа низа други разрешувања од директорски позиции во јавните претпријатија, а по зголемените тензии меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, се случи и конечниот раскол меѓу нив.

- Реклама -