Перикле пиел вино од овој пехар

Грчките археолози во Атина ископале керамички пехар за кој се верува дека го користел грчкиот државник и војсководец Перикле.

 

 

Пехарот е пронајден на градилиштето во северниот дел на грчкиот главен град.

Затоа што се споени 12 парчиња од скршениот керамички сад, како што се верува, од петтиот век п.н.е., археолозите констатирале дека на него се изграфирани името на Перикле и на уште пет други луѓе. Научниците се 99 проценти сигурни дека Перикле пиел вино од овој пехат бидејќи е врежано и името на Арифрон, помладиот брат на познатиот грчки државник. „Името Арифрон е повеќе од ретко и фактот дека е врежан над името на Перикле, ни дава 99 проценти сигурност дека тие се браќата“, рекол Ангелос Матео од Грчката асоцијација за епиграфија. Се претпоставува дека Перикле, по тогашните обичаи, за време на собирањата го делел пехарот за вино со другите, а на него се врежани уште пет други имиња. „Веројатно биле пијани, бидејќи оној кој го пишувал името на Перикле згрешил, па потоа е поправено“, вели Матео.

Пехарот од оваа есен ќе биде изложен во Музејот на епиграфијата во Атина.

- Реклама -