Сè повеќе убедливи стануваат гласините дека американскиот производител на безалкохолни пијалоци планира да пушти во продажба ефтин смартфон.
Истиот се очекува да биде претставен во Кина на 20 октомври. Според шпекулациите уредот ќе биде со 5.5-инчен дисплеј со резолуција од 1080 пиксели, осумјадрен процесор MT6592 од MediaTek и 2 GB RAM меморија.
Неговата задна камера најверојатно ќе има 13 мегапиксели, а предната ќе биде 5 мегапикселна. Внатрешната меморија на уредот се очекува да биде 16 GB, а батеријата со капацитет од 3 000 mAh.
Уредот ќе го носи името Pepsi P1 и ќе биде со оперативен систем Android 5.1 OS.
Во однос на цената шпекулациите се дека смартфонот ќе се нуди за 205 долари.