До ден денес ниту една надлежна институција не ја побарала за распит пензионерката од Скопје која уште во четвртокот изјави дека претставници од хуманитарната организација на Бојан Јовановски алијас Боки 13 – „Меѓународен сојуз“, ја придружувале и ѝ ја земале торбата со 720 илјади евра веднаш штом ги извадила од сметката во банка, објави „Телма“.
Како што неодамна откри телевизијата, сумата легнала на сметката на Лилјана Тодоровска како исплата за нејзината идеја за надежен проект за изградба на пензионерски домови, а парите биле исплатени ГП Пелистер на Силјан Мицевски. Во краткиот телефонски разговор, Тодоровска за „Телма“ рекла дека планира наскоро кражбата да ја пријави во полиција или во обвинителството. Одговорот на обвинителството прочитајте го ТУКА.