Пензионерката со идеја од 720.000 евра: Луѓе од хуманитарната на Боки 13 ми ги земаа парите

Соседите на Лилјана Тодоровска се чуделе кога од сторијата на „Телма“ разбрале дека нивната соседка подигнала 720 илјади евра во име на хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ на Боки 13. На некои од нив таа со години им должела ситни суми од по 100 или 500-тина денари, велат тие.

Тодоровска е една од четирите имиња потпишани на договорот меѓу Меѓународниот сојуз Скопје и ГП Пелистер на Силјан Мицевски, заедно со Бојан Јовановски алијас Боки 13, Агапи Дика, Јованка Кухар и пензионерката Тодоровска.

Таа тврди дека претставници од хуманитарната на Јовановски ја придружувале кога ги подигнувала парите од банка, но и дека веднаш потоа ѝ ги земале. Разговорот со Тодоровска прочитајте го на „ТЕЛМА“ (ЛИНК).

 

- Реклама -