До денеска во електронскиот систем e-personalen danok се регистрирале 300 илјади граѓани. Остануваат да се регистрираат уште околу 900 илјади даночни обврзници, што не би требало да биде проблем, затоа што се поставуваат мобилни даночни шалтери во речиси сите општини, дури и во најистурените места, вели Сања Лукаревска – првиот човек на УЈП, пренесува Телма.
Сепак, Лукаревска најмногу ги израдува пензионерите – оние кои немаат други приходи освен пензијата, за кои обврската да се пријават во електронскиот систем се одложува за седум години, до 2024-та година.