Британската кралица Елизабета Втора (87) наскоро ќе му го остави тронот на најстариот син, прицот Чарлс (65).
Сигурен знак за промена на чело на британската монархија британските медиуми гледаат во одлуката која беше донесена, а се однесува на кладилниците да престанат да типуваат дали Елизабета ќе се повлече годинава.
Обложувалниците орестанаа да примаат плаќања на овој облог откако еден неименуван работник во Виндзон вложи 200 фунти во тоа дека Елизабета наскоро ќе го напушти тронот. Обложувалниците најпрво ја намалија квотата, а потоа таа беше целосно повлечена од листата.
„ Значаен ризик дава сугестијата дека кралицата ќе го напушти набрзо тронот. Таа наскоро ќе наполни 88 години, а веќе започна на Чарлс да му препушта многу значајни обврски. Тоа е доволна причина за шпекулации кои се однесуваат на иднината на монархијата, односно кој ќе биде на нејзино чело“, пишува еден аналитичар.
Квотата на тоа дека Чарлс е следниот монарх се 1:20. Кај обложувалниците најдобро котира неговиот постар син Вилијам (1:8), кој е втор по ред за наследство на тронот. Трет е синот на Вилијам, принцот Џорџ, а четврт по наследство е малиот син на Чарлс, црвенокосиот Хари.
Кралицата на јуни би требало да ја посети Нормандија. Неименувани француски службеници изјавија дека од британска страна добиле информации дека ова ќе биде нејзиното последно официјално појавување во странство.