Се пензионираше кралот на слободните удари (видео)

Еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот, воедно и еден од најдобрите изведувачи на слободни удари, Бразилецот Роберто Карлос и официјално го објави крајот на својата кариера.

39-годишниот Карлос кој одлучи да ги остави копачките останува во рускиот Анжи, својот последен клуб, каде ќе работи во менаџерските структури на развојот на тимот од Махачкала. Иако уште во март најави повлекување од фудбалот, сепак, тоа официјално се случи на првиот ден од август.

Во својата богата кариера Роберто Карлос играше за седум клубови: Сао Жоао, Палмеирас, Интер, Реал Мадрид, Фенербахче, Коринтијанс и Анжи.

{youtube}vnB_4Jtfy6A{/youtube}

За селекцијата на Бразил настапуваше од 1992 до 2006 година одигрувајќи 125 натпревари. Од единаесетте гола кои ги постигна за „Кариоките“ сосема сигурно најубав е оној од „Купот на конфедерациите“ против Франција во 1997 година.

- Реклама -