Пентагон внимателно следи дали и какво американско оружје се употребува во украинскиот упад во Курск

Соединетите Американски Држави внимателно следат како украинските сили навлегуваат подлабоко на руска територија, притоа користејќи американско оружје и опрема. Прашањето е дали Киев се придржува до ограничувањата за употреба на американското оружје против Русија.

Руски војници се обидуваат да го спречат навлегувањето на украинските сили, фото: ЕПА

Според неименувани официјални претставници, Украина користела американско оружје и возила како дел од својата офанзива, но притоа „технички“ не ги прекршила ограничувањата наметнати од САД.

Возилата „Хамер“ беа забележани како влегуваат во руската област Курск во близина на Суџа. Украина, исто така, користела ракетни фрлачи со долг дострел – HIMARS како дел од операцијата, но тие останале на украинска територија и на навлегле на руска почва.

Претставници на Пентагон, како што пренесуваат американските медиуми, ќе продолжат да го слеат развојот на ситуацијата и кое од американските оружја се користат во борбите кај Курск.

- Реклама -