Должината на пенисите опаѓа како што се менуваат генерациите. Оваа вест доаѓа од италијанските истражувачи кои докажале дека во изминатите 50 години пенисите станале помали за 10 % или просечно за еден сантиметар, а трендот и понатаму останува.
Според истражувачите, има огромна листа на причини зошто тоа е така, но на врв на листата стои прекумерната телесна тежина на мажите и сѐ поголемиот обем на струкот, односно колковите.
Освен дебелината, загадениот воздух и другите разно-разни токсини кои ги има во нашата околина, исто така се дел од водечките причини зошто пенисите постојано се намалуваат. Ништо помалку не се виновни ниту алкохолизамот и стресот.
Доколку овој тренд и понатаму продолжи со годините, изреката „мало, ама техничарче“ би станала реалност за сите мажи.
Објавено во соработка со За Здравје.