Пенелопе Круз запеа

Убавицата Пенелопе Круз откри дека има уште еден талент. Откако се прослави во актерството, се појави и во улога на моден креатор и модел. Сега, талентираната Шпанка запеа во дует со Мигуел Босе.

Песната „Decirnos Adiós“, што ја потпишува братот на Пенелопе, Едуардо Круз се најде на новиот албум на Мигуел „Papitwo“. За песната е снимен сензуален црно-бел спот, во кој Пенелопе вокално и визуелно едноставно блеска.

 

- Реклама -