Пенелопе Круз ќе стане мајка по втор пат, пренесува „New York Post“. Глумицата неодамна беше забележана со вишок килограми, а извор близок на холивудската ѕвезда потврдил дека се наоѓа во блажена состојба.
Иако веста за бременоста не беше официјално потврдена ниту од Пенелопе ниту од нејзиниот сопруг, актерот Хавиер Бардем, сепак веста беше пренесена низ сите светски медиуми.
Парот својата врска ја започна во 2007 година, а три години подоцна се венчаа во интимна церемонија на Бахамите, по што една година подоцна го добија синот Лео Енсинас.