Пендаровски во Шведска патуваше со воз (ФОТКИ)

Македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој е во посета на Шведска, патувал со воз на релација Малме-Гетеборг-Стокхолм.

Фотографии, покрај Пендаровски, објави и Шведската амбасада во земјава.

„Не е ретка глетка да се видат шведски функционери како користат јавен превоз за да се движат низ и меѓу шведските градови. Всушност, тоа е претпочитаниот начин на транспорт низ цела Шведска за луѓе од сите возрасти и сфери на живот. Една од причините: грижа за животната средина, бидејќи возовите придонесуваат помалку за емисиите на јаглерод отколку авионските патувања“, се вели во објавата.

Од амбасадата додаваат дека се среќни што и претседателот на државава ја користи шведската железница додека е во Шведска.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Како што информираа, за време на своето патување Пендаровски бил придружуван од шведската амбасадорка – г-ѓа Кристин Форсгрен Бенгтсон, а притоа имал прилика и да ужива во шведска фика со земички од цимет и кардамон.

- Реклама -