Пендаровски: Со одлуката на Вселенската патријаршија се исправа историската неправда нанесена врз нашата Црква

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, aрхиепископ oхридски и македонски и на Јустинијана Прима – г.г. Стефан, по повод признавањето на каноничноста на Охридската Архиепископија од страна на Вселенската патријаршија.

„Со оваа важна одлука се исправа долгата историска неправда нанесена врз нашата Црква и нејзините верници и се исцелуваат длабоките рани поради децениите изолација со кои се соочи возобновената Охридска Архиепископија. Примајќи ја нашата Црква во евхаристиско општење, Вселенската Патријаршија ги избриша вештачки создадените поделби и го отвори просторот за градење на духовно единство на православните верници. Со ваквиот чекор, патријархот Вартоломеј и Вселенската Патријаршија не само што ја препознаваат реалноста на нашата жива православна Црква, туку го признаваат и нејзиниот историски континуитет со древната Охридска Архиепископија која низ вековите била прибежиште и извор на духовна сила и надеж за православните верници“, се вели во честитката.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Претседателот Пендаровски изразува уверување дека одлуката отвора можност за нов и необременет духовен раст на нашата Црква и напредок и помирување во македонското општество.

МИА

- Реклама -