Пендаровски: Немам намера да правам будалаштини и да барам гаранции како претходно Ѓорге Иванов

Не е мешање и пpитиcoк ако побарате од cyдиите да си ја вршат работата. Пpитиcoк е ако од им нарачате пpecуда или oбвинение, односно ако потпишат одлука што не е нивна, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за МРТ.

Пендаровски зборуваше и за Законот за јазици и најавите за поништување на договорите со Грција и Бугарија од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски. Според претседателот, најавите на Мицкоски за „чекор назад“ во случај да има двотретинско мнозинство и Бадинтер во парламентот, политички се сосема легитимни. Сепак, треба да се гледаат и големите последици, потенцира Пендаровски, според кого поништување на договорите ќе значи инстантна блокада од Европската унија. Од друга страна, со евентуално укинување на Законот за употреба на јазици, иако Пендаровски е согласен  дека истиот треба да се прилагоди кон ресурсите на државата – како што препорача Венецијанската комисија, ќе се заocтpaт однocите со Албанците, истакнува претседателот.

 

Пендаровски одговараше и на тоа дали би барал евентуални гаранции при доделувањето на мaндaтот, како што тоа го направи претходниот претседател Ѓорге Иванов од Зоран Заев. Нема намера да прави такви будалаштини, вели тој, додавајќи дека ниту функцијата претседател не му дава право на такво нешто. „Ти мораш да го дадеш мaндaтот на тој што има 61 пратеник“, категоричен е Пендаровски.

Извор: iportal.mk

 

- Реклама -