„Не се надеваме на позитивен сигнал, туку очекуваме позитивна одлука“, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за виенскиот „Die Presse“ објавено вчера.
„Во минатата година и пол, исполнивме сѐ што требаше да исполниме. Дури го сменивме и името на нашата држава по историскиот договор со Грција. Ниту една друга земја кандидат не го направила тоа претходно“, вели Пендаровски.
Тој додава дека ако процесот на приближување е базиран на перформанси, тогаш владата/земјава не очекува ни повеќе ни помалку отколку да биде оценувана според постигнатото.
„Мојата порака е: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени“, вели Пендаровски. Целото интервју ТУКА.