Пендаровски: На Макрон му реков слободно да нѐ исклучат и како полноправна членка, ако треба

На средбата со францускиот колега Емануел Макрон на маргините на Парискиот мировен форум, претседателот Стево Пендаровски јасно истакнал дека државава нема проблем со било каква промена на методологијата на пристапниот процес, но дека нема да прифати било каква алтернатива на полноправно членство во ЕУ, макар за тоа да биде потребни години и години. Макрон исто така јасно порачал дека неговата намера никогаш не била да ни понуди алтернатива, туку само сакал да го подобри процесот – истиот да не продуцира само бирократски успеси, а во позадина суштински неуспеси, туку и суштински успеси кај земјите кандидати.

„Во тој дел, јас реков дека нашата позиција како држава е неспорна. Значи, нека ја подобруваат, нека ја менуваат методологијата колку сакаат и како сакаат. Ние сме комплетно позади принципот на реверзибилност. Тоа значи дека ако одредено поглавје го затвориме успешно, по извесен период од време се јават проблеми во иста област, на пример слобода на медиуми, да нѐ вратат назад, се согласувам.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

Дури во еден момент му реков ако сакате и како полноправна членка, кога би биле, да нѐ исклучите од членство од Европската Унија, слободно направете го тоа, бидејќи не ми е интерес мене да бидам јас членка таму, а да не бидам демократија.

Јас му реков, во неколку наврати му опишав. Значи, половина од мојот живот го поминав во автократија, во поранешна Југославија. Десетте години на Груевски плус, ги поминав во автократија. Прво, јас немам лични резони да бидам за методологија која само бирократски ќе штиклира успеси и на крај ние ќе влеземе по неколку години во Европската Унија и ќе констатираме дека назадуваме во сите витални демократски компоненти и индикатори. Тука се согласивме“, вели Пендаровски.

- Реклама -