Пендаровски испратил писмо до Ердоган за екстрадицијата на Палевски

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот ден испратил порака до кабинетот на турскиот колега Реџап Таип Ердоган, во врска со екстрадицијата на осомничениот за двојното убиство, на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски – Љупчо Палевски познат како Палчо.

Од кабинетот на Пендаровски не соопштуваат повеќе детали за содржината на пораката.

Пендаровски, во интервју за „360 степени“ во понеделникот, најави дека размислува да испрати писмо до турскиот колега и да побара да се забрза екстрадицијата на Палевски. Притоа истакна дека ваква комуникација не би била невообичаена, и откри дека во 2019 година токму Ердоган лично од него барал испорака на припадници на Фето од земјава, како услов за Турција да го ратификува протоколот за нашето членство во НАТО.

Прочитајте и:  Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, Кешишов го сменил првичниот исказ
- Реклама -