Пендаровски го назначи Ерол Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање

Со одлука на претседателот Стево Пендаровски, за нов директор на Агенцијата за разузнавање е именуван Ерол Муслиу. На местото директор тој ќе го замени досегашниот прв човек на Агенцијата – Зоран Иванов, кој беше именуван во март 2017-та со одлука на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Според „Курир“, во игра биле три имиња: Ариф Асани – aктyeлен заменик директор на УБК и фаворит на ДУИ, Рефик Черими – фаворит од сенка на Оливер Спасовски, и Ерол Муслиу – фаворит на Мухамед Зекири.

Муслиу и претходно работел во Управата за безбедност и контраразузнавање, а во последните години и во Агенцијата за разузнавање. Завршил Факултет за безбедност во Скопје како еден од најуспешните студенти. По дипломирањето, во 1994 година, веднаш бил вработен во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање. Со формирањето на Агенцијата за разузнавање, тој преминува да работи како разузнавач.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Тој е полиглот, зборува повеќе јазици, интелектуалец меѓу безбедносните професионалци. Во 2011 година бил и еден од кандидатите за директор на Агенцијата и на експретседателот Ѓорге Иванов.

Во следните неколку дена, кабинетот на Пендаровски ќе ги соопшти и новите членови во националниот Совет за безбедност. Новиот состав на кабинетот можете да го видите ТУКА.

- Реклама -