Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски во Нови Сад истакна дека би се иселил од својата држава доколку не би бил претседател, затоа што „никој не е луд да го троши својот живот во која со години треба да се преговара за поглавјата, а просечната плата во мојата држава е 400 евра“, пренесуваат српските медиуми.
Пендаровски изјавуа дека шансата да се задржат младите луѓе на Балканот е во тоа да почнат да се користат сопствените ресурси и да се продолжи со регионалните иницијативи за да се создаде нешто како мала Европска Унија.
Тој на млади лидери во Нови Сад, изјавил дека на младите не им е пружена шанса во нивните земји и дека тие со право ги напуштаат.
,,Тие имаат само еден живот, сите имаме еден живот, и никој не е луд да го троши на чекање додека преговодите со ЕУ траат со години, а притоа просечната плата е 400 евра.
„Да не сум Претседател и самиот би се отселил од својата земја“- го цитираат повеќе портали Пендаровски од Форумот на млади лидери во Нови Сад.
Повеќе ТУКА.