Пената за бричење не е само за бричење

 

Пената за бричење може да спречи замаглување на oгледала, да ги исчисти масните раце, да ги отстрани флеките, да ги исчисти чешлите…

Освен за козметички цели, таа може да се искористи и за други нешта во домот. Иако по текстурата не делува како средство со кое можете да решите некои проблеми, многумина кои ја испробале тврдат дека е многу ефикасна и корисна.

 Замаглување на огледала

За да спречите замаглување додека се капете, на памучна крпа или пешкир нанесете малку пена, премачкајте го огледалото и добро втријте за да не останат флеки.

Миење на раце

Ако не можете да ги исчистите мрсните, тешко извалкани  раце со обичен сапун, тука е пената… Нанесете ја на рацете и тријте неколку минути, а потоа измијте ги со топла вода.

choose-best-shaving-cream-2

Чистење на флеки

Пената за бричење е одлична за чистење на флеки. Ако на теписонот или облеката сте истуриле вино или сок, на дамката веднаш нанесете пена, протријте со сунѓер и измијте со вода.

Четки и чешли

Со пената можете да ги исчистите четките и чешлите. Нанесете пена, добро размачкајте, па по неколку минути, измијте ја со топла вода.

 

- Реклама -