Пена-забавите можат да им наштетат на очите

Докторите на Флорида биле зачудени, кога едно утро, амбулантите биле преплавени со млади луѓе со сериозни оштетувања на очите. Истрагата покажала дека сите 56 луѓе, претходната вечер учествувале на истата пена-парти во еден од локалните клубови.

Како резултат на забавата, 80 проценти од повредените се здобиле со намален вид и воспаление на очите, или конјуктивитис. Пола од нив имале абразија на корнеата (ткиво што го покрива окото). Скоро сите пациенти пријавиле болки во очите, иритација и црвенило. 11 пациенти не можеле да ги отворат очите или да ја прочитаат првата буква на таблите за проверка на видот.

Научниците објаснуваат: продуктите што се користат за добивање на пена на забавите, содржат состојки слични на оние во сапуните и шампоните, најчесто содиум лаурил сулфат. Сепак, некои од состојките се лиценцирани, а нивниот состав и концентрација непознати.

Прочитајте и:  12.000 долари за промена на бојата на очите - процедурата се попопуларна во САД

Секој од пациентите пријавил дека пената им дошла до контакт со лицата и дека притоа ги триеле очите.

„Инцидентот ни дава на знаење за потенцијалните опасности од повреда на очите, што можат да бидат предизвикани од пената“, велат истражувачите.

Проблемите кај пациентите се задржале по 7 дена, во просек, додека кај 7 пациенти, симптомите останале и по повеќе од еден месец од повредата.

- Реклама -