Ремек-делото на Ентони Бурџис, „Пеколен портокал“, е сурова и застрашувачка приказна за темната страна на човекот и модерното општество, за озогласените деструктивни банди составени од млади луѓе кои штом падне мрак беснеат низ темните сокаци и претепуваат, силуваат и пљачкосуваат сè што ќе им се најде на патот, за новите методи на лечење на затворениците со неконвенционални шок-терапии што треба да го „одвикнат“ насилникот од вршење насилство.
Бурџис нема милост за никој, па ни за читателот – тој експлицитно го опишува она што самиот го нарекува ултранасилството а бесчувствителното (или подобро безумно) општеството чија визија ја дава си поигрува со судбината на Вашиот скромен раскажувач и „друзја“ Алекс, чии страсти се дрогата, сексот, насилството и – „Деветката“ на Бетовен.
Основата за еден од најфамозните филмови на сите времиња, „Пеколен портокал“ е истовремено виртуозна изведба на генијалниот прозен мајстор Ентони Бурџис и сериозното истражување на моралот на слободната волја.
Не познавам друг писател кој направил олку многу со јазикот… ужасно смешна книга – Вилијам С. Бароуз
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на „Срам“ се:
1. Александра Крушаровска
2. Ива Гацевска
3. Томислав Диневски