Пеколен јуни за алергичните на полен

Долгата и ладна зима и предвременото лето резултираа со истовремено расцветување на повеќе видови булки, поради што јуни ќе биде најлош месец за луѓето со алергија во последните неколку децении, предупредуваат екпертите.

Комбинацијата од долгата зима и раната пролет која залетано ни донесе високи летни температури, доведува до тоа нивото на полен оваа година да биде највисоко во последните 50 години, поради што милиони луѓе ќе патат од пролетната алергија, пишува „Daily Mail“.

Професорот Рој Кенеди, еден од највлијателните алерголози во Британија, предупредува дека во јуни нивото на полен во воздухот ќе биде највисоко, и ги посоветувал сите оние кои имаат проблеми со алергија редовно да носат наочари, да ја менуваат облеката и да се тушираат што почесто, како и да го избегнуваат честото излегување и прошетки.

- Реклама -