Шерил Кол се омажи за својот дечко по само три месеци врска!
Пејачката и нејзиниот 33-годишен сопруг Жан-Бернард Фернандез-Версини се венчаа на Мацарони плажата пред четворица сведоци.
Членката на жирито на „X Factor“ објави фотографија од дијамантски прстен на Инстаграм и така ги прекина гласините за својата врска.
„Инаку не зборувам за мојот приватен живот, но за да ставам крај на шпекулациите сакам со вас да ја споделам среќната вест. Жан-Бернард и јас се венчавме на 07.07. 2014 година. Многу сме среќни и возбудени пореди овој нов чекор во нашите животи“, рекла Кол.
Двојката се запознала на Кан филмскиот фестивал во мај, а се чини дека Жан-Бернард бил оној вистинскиот…