Педофилите цел на Anonymous (видео)

Anonymous ја лансираше Операција PaedoChat, онлајн кампања дизајнирана за затварање на  сајтовите кои педофилите ги користат за размена на нелегални содржини.

Хакерската група, чии членови се судриле со законот неколку пати, ја најави операцијата во ова видео објавено на YouTube. Имиња и адреси на неколку корисници на тие сајтови биле постирани на Pastebin вебсајт – а Anonymous бара помош и од јавноста за создавање притисок врз владите и медиумите за помош при затварањето на овие сајтови.

{youtube}B6If7vTIf1A{/youtube}

Говорникот во видеото рекол: „Anonymous има намера, ако не да ја отстрани барем да ја намали оваа чума на интернетот. За доброто на нашите следбеници, за доброто на човештвото и за наше уживање ние систематски ќе ги уништиме ваквите сајтови кои и понатаму ќе продолжат со работа.“

Сајтовите, кои педофилите ги користат за разговори и размена на слики, некогаш за пари, најчесто се скриени за повеќето обични корисници да не можат да ги најдат. Претходно колективот тврдеше дека затворил околу 40 сајтови со ваква активност.

„Anonymous признава дека ова е сериозен подвиг и не очекува да биде завршен набрзо. Фракции на Anonymous од целиот свет учествуваат во посебни операции. Тие собираат информации за педофилите и ги објавуваат.“

- Реклама -