Старото класично свинско печење на малку поинаков е секогаш најдобар избор за ручек.
Состојки: 400г зеленчук (морков и целер), 1,2кг свинско месо, 1 кромид, 2 ловорови листови, 2 дл бело вино, 2,5 лажички сенф, сол, црн бибер, 1 лажичка путер, зејтин
Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Зеленчукот и кромидот исечете го на поголеми парчиња. Месото посолете го и премачкајте го со сенф. Загрејте зејтин и испржете го месото.
Додајте го зеленчукот и кромидот, залијте со вино и ставете го во рерна да се пече од 50 до 56 минути. Повремено полевајте го месото со течноста во која се пече.
Извадете ги течноста што остана од печењето и зеленчукот, а месото поклопете го со капак и оставете го да се пече уште 10 минути. За тоа време направете сос. Во течноста што ја извадивте додајте го путерот, а ако е ретка, додајте брашно и провријте.
Печењето исечете го на ленти, а околу него на чинијата ставете го зеленчукот, а одозгора залијте со сосот.
Добар апетит!