Идеални за ручек или вечера.
Состојки:
400 г. макарони
1 л. јогурт
3 јајца
2 лажици маслиново масло
малку сол
Подготовка:
1. Измешајте ги јогуртот, јајцата, солта и сировите макарони.
2. Подмачкајте огноотпорен сад и префрлете ја смесата. Доколку е потребно, додадете уште јогурт, за шуплините од макароните да бидат наполнети со смесата.
3. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете ги додека не заруменат.
4. Служете ги топли. Доколку сакате, можете да ги прелеете со павлака, мајонез, кечап или да наредите кашкавал.