Ви претставуваме еден сосема поинаков начин да го подготвите овој вкусен зеленчук.
Состојки:
1 карфиол (околу 500 гр.)
250 мл. јогурт
1 лимон
1 лажица маслиново масло
1 чили пиперка (по желба)
1 лажичка лук во прав
1 лажичка кари
сол, бибер
Начин на подготовка
Карфиолот измијте го и исчистете од коренот. Одвоите ги листовите и ставете на тепсија намачкана со масло.
Изматете го маслиновото масло со јогуртот и сокот од лимон. Додадете ги чили пиперката, лукот, карито и солта и биберот по желба. Карфиолот прелејте го со смесата од јогурт и печете во рерна загреана на 200 степени, 30 минути.