Пцостите ослободуваат од стрес на работа

cursingПцостите помагаат за ослободување од стресот на работното место,
покажало истражување спроведено на универзитетот „Ист Англија“ во
Норвич. Истражувачите предложиле на оние вработени што имаат навика да
пцујат да им биде дозволено да се ослободуваат од стресот на тој начин,
па дури и да се поттикнуваат да кажуваат пцости ако тоа им помага во
работата.


cursingПцостите помагаат за ослободување од стресот на работното место, покажало истражување спроведено на универзитетот „Ист Англија“ во Норвич. Истражувачите предложиле на оние вработени што имаат навика да пцујат да им биде дозволено да се ослободуваат од стресот на тој начин, па дури и да се поттикнуваат да кажуваат пцости ако тоа им помага во работата.

Редовното пцуење може да ги зацврсти солидарноста и заедништвото на вработените и овозможува изразување чувства како, на пример, разочарување. Се верува и дека тоа ќе помогне во развивање подобри друштвени односи меѓу вработените, истакнале научниците.

 – Се разбира, пцуењето би требало да се спречи или забрани во присуство на странки или на претпоставени. Меѓутоа, нашето истражување покажа дека во многу случаи забранетиот начин на изразување им помага на луѓето да развијат чувство на солидарност и дека ги ослободува од стресот.

Забраната за пцуење би можела штетно да влијае – истакнал Јехуда Барух, професор по претприемаштво. Тој додал и дека жените денес пцујат повеќе отколку што би се очекувало од нив, особено кога се во женско друштво. виа.

- Реклама -