Пчелар до веганите што не јадат мед затоа што не било етички: Доста ширите дезинформации

Расправа на интернет како расправа на интернет, само што кога се зборува за начин на исхрана, конкретно за веганство, „дебатите“ често се „загреваат“ повеќе отколку што треба. Понекогаш, меѓутоа, може и по нешто да се научи. Од оваа во продолжение, на пример.

Рандом интернет корисник пишал: „Веганите кои одбиваат да јадат дури и јајца од двор… Зошто? Луѓето што мислат дека е неетички да се јадат јајца се како луѓето кои мислат дека пчелите треба да го задржат целиот нивни мед. Тие буквално произведуваат повеќе отколку што им треба, а со вашето одбивање да купите дури и од локални одгледувачи вие дури и им одмогнувате. Поддржете ги вашите мали локални фармери, вие пилиња“. пишал некој по друштвените мрежи,

Па му враќа еден веган: „Тоа не е точно. 1) Пчелите не произведуваат ‘екстра мед’. И пчеларите не земаат дел од медот, туку го земаат целиот мед. 2) Кокошките се вештачки селектирани од тоа природно да несат јајца еднаш месечно, до тоа да несат јајца на секои неколку дена. Нивните тела не се оддржливи, а здравствените компликации од ова брзо производство на јајца ги yбивa кокошките“.

Тогаш во дебатата се вклучува пчелар. И објаснува: „Не знам кој ве лаже за тоа како функционираат фармите, но може ли да престанете да ширите дезинформации? Дали си пчелар? Зашто јас сум!

Пчеларите се погрижуваат нивните кошници да се добро нахранети пред да има полен во воздухот, но и да се заштитени од предаторите и природните елементи, како и да имаат доволно мед за да се одржуваат.

Не е точно дека го земаме целиот мед. Но преголемото производство на мед доведува до стагнација на колонијата. Ѝ прави притисок на матицата да несе повеќе јајца, а кога тие неизбежно ќе го исполнат целиот нивни простор со мед (наместо да исполнат повеќе празни, чисти рамки што пчеларите можат да им ги стават), матицата може да доживее преголем стpec и да yмpe. Ако има нагла промена во времето и колонијата нема подготвено нова матица, толку е! Колонијата е мpтвa, бидејќи немало доволно простор за јајца и мед во кошницата.

Пчеларите го земаат вишокот мед. Константно ја надгледуваме состојбата на кошницата и колонијата, проверуваме за паразити, ги анализираме јајцата за болести и се погрижуваме пчелите да се нахранети и здрави (обично со шеќерна вода и алтернативи за полен, сѐ додека не направат доволно мед за да можат да се одржат во раните пролетни месеци). Ако матицата yмpe прерано, се обидуваме на сите можни начини да ја замениме, за да ја спасиме колонијата.

Знам дека постои потреба на сите кои работат во фармерската индустрија да им се обраќате пoнижyвачки, но обидете се да ги разберете разликите меѓу агрикултурата од мали размери и индустриското фармерство. ИМА разлика. И доста ширите дезинформации. Ве молам!“, завршува пчеларот.

Понатаму во разговорот се вклучува и уште еден негов „колега“, овојпат кратко и јасно: „Како пчелар… Што по ѓаволите? Не, не им го земаме целиот мед! Тоа би било навистина лудо!“.

Во дебатата се надоврзуваат и одгледувачи на живина, но таму работите не се баш така црно-бели. Можете да прочитате ТУКА. Важно се разбравме за медот.

- Реклама -