Неспорно е музичкото образование на Критина Ковач, искуството на Кики Лесендриќ, сексипилот на Емина Јаховиќ или популарноста на Жељко Јоксимовиќ, но неспорно е и дека четворицата заедно изгледаат како да се надмудруваат кој од нив е подобар ментор, а богами имаме и чувство дека кај и да е ќе се фатат за коса.Вчерашното издание на X faktor дефинитивно беше најлошото до сега. Да направиме една ретроспектива.
Прво изненадување на вечерта беше новата водителка Ана Михајловска на местото на Славко. За нејзиното водење говори долгодишното искуство кое го има во тв Пинк, па денеска и покрај малите гафови за кои пишуваат српските медиуми, јас, вашата омилена трачарка нема да ја ставам на мојот „тапет“.
Затоа решив да започнам со Жељко Јоксимовиќ иако навистина не знам од каде да почнам. Жељко е познат по својата ароганција и дрскост, но вчера претера, повеќе од било кога. Тој влезе во дуел со една од натпреварувачките Тамара велејќи и дека се однесува како да е во некој свој свет и воопшто не ја засега ништо.
„ Супер е сценографијата и сите изгледаат светски, но тебе не ти лежат вакви песни. Јас не знам дали Кики ја бирал песнава, а мислам дека не. Кој и да ја бирал не би направил ваков лош избор. Ти и покрај тоа се однесуваш како да си во некој свој свет. Имаш своја музика и гајле ти е за сите околу тебе“, рече Жељко.
Откако Тамара му рече „фала“, тој повторно се огласи.
„ Ете, повторно го направи тоа. Не можеш така да се однесуваш. Мораш да слушаш кога друг ти дава совети и да научиш да поднесеш критика“.
Можеби и навистина е така. На крајот на краиштата и другите ја нападнаа Тамара дека направила ужасен избор на песната, па затоа единственото што е тема на критика беше начинот на комуникација и дрскиот однос од страна на Јоксимовиќ.
Понатаму скандалот за кој денеска пишуваа сите медиуми прашувајќи се дали навистина Жељко успеа два пати да направи грешка велејќи дека песната „Чија си“ од Тоше Проески која прекрасно ја отпеа нашиот Даниел Кајмакоски е испеана на македонски јазик? Озбилно, и после настапот тој се уште мислеше дека песната е на Македонски? Потоа следуваа бројни критики на Твитер: „ Од кога српскиот стана нашиот мајчин јазик“, „Зошто Даниел не му врати ништо, зошто не го поправи “, „ Како можеше толку пати да спомне – Македонија е среќна што пееш на нивниот јазик“ и слично. Сепак, рака на срце Јоксимовиќ се извини велејќи дека направил грешка, но наместо за тоа публиката требало да се задржи со коментари за настапот…
И тоа не е се!
Најинтересното од Жељко беше враќањето на Александра Секулиќ од страна на публиката. Како што најави водителката иако требаше да се врати само еден од натпреварувачите поради изедначен број на гласови ( ???) ќе се вратат двајца натпреварувачи. Имено, во наредната епизода ќе се врати и Маид од групата на Жељко.
Откако Александра заврши со својот настап Жељко и рече: „Никогаш не би гласал за тебе“.
Како да не беше доволно, па продолжи:
„ Ако влезеше ти, а испаднеше Маид ќе го напуштев шоуто“.
Епа, драг Јоксимовиќ време е да разбереш дека X faktor не си само ти. Ваквиот арогантен став ( налик на лош обид да се биде Сајмон) може лесно да ја сврти публиката против тебе самиот. Но, се надеваме дека во иднина нема да има потреба од волку излишни коментари и директно конфронтирање со „невини деца“ кои само се борат за своето место на сцената.
Одиме поманатму во кратки црти да кажеме по нешто за другите судии.
Емина колку и да е прекрасна е најнекомпетентниот член на жири комисијата во ова шоу. Со изборот на песни таа упорно ја турка нејзината група во бездна, не поттикнувајќи никого да го пронајде својот стил, па истите се „дават“ во лоши настапи иако меѓу нив има екстремно талентирани учесници. Да не говорам пак за тоа дека не прифаќа критика дури ни од компетентната Кристина Ковач, за која по коментарите, а богами и аражманите кои успева да ги направи се гледа зошто го салужува местото да биде дел од X faktor.
Kики Лесендриќ има голема одговорност на својот грб, а тоа е талентираната Илма за која секоја емисија добива критики за изборот на песна… Очигледно тој им дозволува на натпреварувачите самите да ги избираат песните, а рака на срце, неизбежно е да пресече ако навистина не треба, што беше случај со неговата група вчера.
Да сумираме во борба за своите кандидати, членовите на жири комисијата меѓусебно се натпреваруваат. Големи се суетите, а уште поголема е напнатоста…
Што се однесува до елиминациите вчерашното шоу го напушти уште еден учесник под менторство на Жељко, Маја Новаковиќ, позната како ќерката на Луис.
Македонскиот дел помина одлично, Даниел и Фифи не не разочараа, а ако ги пропуштивте нивните настапи, погледнете ги во продолжение.
До следната гала
Вашата Трачарка