Пазар

Многу сакам кога ќе дојде пролет…

И така ја си викам, чекај ќе идам на пазар да ја донесам пролетта во нашиот дом и на нашата трпеза…

Одам, одам, шетам, шетам и ми се деси еден дежаву момент!

На сите тезги што продаваа грав стоеше дека е Тетовски, е сеа добро зрната беа од грашак големина до костен ама па сеа и вие ама сте ситничари!? Ај викам добро, не се фурај…

Одам подоле глеам исто на сите тезги зелка од Бардовци додуша и така изгледаше зелката баш како да е од Бардовци – разбушавена некако несредена!

На сите тезги продаваат исклучиво Беровски компир…

Да, да и пиперките беа Струмички, доматот секаде Скопски онаков јабучар ама нормално и крупен и ситен и со и без семки!

Црешите беа Охридски, сирењето Галичко, кикириките Струмички, јаболките беа истовремено Тетовски и Ресенски, оризот Кочански, кромидот Струмички, калинките Дојрански исто и Смоквите итн…

Некако ми падна жал за Дебар, Кичево, Гостивар, Битола итн., што немаат свој претставник на пазарските тезги.

И да ви кажам, не купив ништо само се прошетав онака ко низ трговски, пошто цените им беа како да сите производи на да беа увозни… Да не речам огин!

@bratot1

- Реклама -