PayPal развива пасворди што ќе можат да се јадат

Компанијата PayPal работи на развивање на нова генерација на лозинки кои буквално ќе можат да се изедат. Се работи за пилула која додека е во нашиот стомак, ќе ни овозможи логирање на веб-сајтот на платежниот процесор, но и некои други услуги.

Џонатан Либланк, еден од главните научници на компанијата, вели дека пилулата, откако ќе биде проголтана, ќе се напојува од стомачната киселина, како и дека во неа ќе се наоѓаат мини-компјутери. Според него, технологијата е толку напредна, што овозможува целосна интеграција со човечкото тело.

Новиот вид на пасворди ќе можат да се изедат или да се вбризгаат во телото, а се очекува да го заменат моментално најбезбедниот начин на најавувањето на некој компјутер или веб-страна – биометриските пасворди. Пишаните лозинки се не пат да станат минато.

blabla

Капсулата ќе има и дополнителна намена – ќе може да го мери нивото на шеќер во крвта, како и крвниот притисок, и сето тоа уште пред да ги испрати енкриптираните (заштитените) податоци за најавување на сервисот.

PayPal работи и на паметни нараквици, кои преку мерење на отчукувањата на срцето би можеле да го утврдат идентитетот на корисникот, иако, според Либланк, компанијата сé уште не планира нивно масовно користење.

Постојат и други напредни варијанти кои имаат потенцијал да ги заменат вообичаените лозинки за најава се, а меѓу нив се и силиконските чипови кои би биле вградени под кожата, како и „компјутерските тетоважи“ кои би испраќале информација преку безжична конекција.

tattbest_2577741b[1]

content_motarticle-2333203-1A10994F000005DC-826_634x424[1]

 

- Реклама -