Патување инспирирано од дестинациите каде што се снима Game of Thrones

Сте посакале ли некогаш да се прошетате во фантастичниот свет на „Игра на тронови “? Да ја почувствувате магијата и убавината на Вестерос, да се прошетате по Кралскиот пат?
Сигурно тоа е сонот на бројни фанови, но кој вели дека истиот не може да добие речиси реална димензија . Без разлика дали сакате да ги следите чекорите на Кал Дрого или да се впуштија смело во земјите надвор Вала, сè е можно! Продуцентите на филмот откриле каде се снимани различните предели и бројни туристи веќе се собираат да ги посетат. Некои од местата се познати туристички дестинации, додека други допрва се промовираат благодарение на филмот.

Кралскиот пат

Кралскиот пат кој што го поврзува главниот град на Вестерос со северните земји и оди дури до Вала, всушност е пат во Северна Ирска. Патот води до малото село АРМО, со население од само 414 лица. Ако ова магично место ви се чини привлечно, не грижете се за неговата оддалеченост. Патот се наоѓа во близина на други популарни дестинации од филмот , како на пример замокот. Повеќе за патот можете да видите тука.

85665555-6c06-292f-d151-9b0c08954b39

f5063c0c-ee3b-07ef-6d48-2ac1d6a554b8

Замокот на Старк

Домот на Старк е инспириран од замокот Странгфорд кој се  наоѓа во  Северна Ирска. Отворен за посетители во текот на годината и е опкружен со градини.Во него, исто така има бројни атракции, вклучувајќи демонстрации на средновековни занаетчии како ковачи и грнчари.  Додека се шетате  низ замокот, ќе препознаете мноштво од   локациите во серијата,  како на пример дворот, шталите и главната сала.

Прочитајте и:  Луѓето кои патуваат - побавно стареат

81fbd13a-51c6-741d-c22d-80d838230914

991b134b-c057-1c4a-1ebd-acd52be8fabd

Свадбата на Кал Дрого

Оваа сцена од првата сезона е снимена во Малта, на место познато како  Синиот прозорец .Оваа сцена се издигнува над кристалните води околу островот Гозо и привлекува илјадници туристи во текот на годината. Досега е популарен меѓу фотографите и нуркачите, но  каменестата плажа веќе привлекува и бројни фанови на “Игра на  тронове “.

bb5f8ee6-05e9-cbeb-8795-c5634fbf98ed

ce242eec-105B-5558-d831-2961b12d02b9

Главниот град на Вестерос

Во реалниот свет главниот град на Вестерос е прекрасниот т  град Дубровник  во Хрватска . Една од најпосетените туристички дестинации во  Со редиземноморието, Дубровник им нуди на туристите  историски споменици , меѓу кои дворецот Спонза, тврдината Ловриенац и катедралата Свети Влас. Се разбира, во Дубровник, исто така има и  безброј плажи , како централни, така и скриени, што го прави идеален за летен одмор.

56caf74a-69cb-32e6-7c02-7b72b7b77dd0

64feecc2-426f-94ff-3640-298596e1c617

Куќата на бесмртните

Додека сте во Дубровник посетете  ја Минчета попозната на гледачите како Куќата на бесмртни . Сместена меѓу двете порти,  таа е срцето на стариот град  и може да ви понуди ексклузивна прошетка како во минатото на нашиот свет така и кај сцените од “Игра на  тронови “.

43fa9bef-8bd0-5819-bcea-51131d30a82b

63bce477-51f2-2258-10b1-eecb35d55318

Во продолжение погледнете и неколку локации во Мароко…

104fb3e9-0d3b-f61f-3625-5608db02d7ca

7d64b0e4-573a-377c-cb2d-12ecfbc80dc3

e0582151-3dc4-3002-80a6-fc06cfde5931

2688838f-eff4-2763-23b7-afd18b80df6c

…и Исланд

073379b2-48c0-18a6-24cb-7337c07449ff

635aa8c2-3ddb-365b-80e1-f5e29b72cb81

- Реклама -