Би сакале ли да се одморате на местото од филмот „Плажата” со Леонардо ДиКаприо? А што ќе кажете за плажа, од чии води излезе Урсула Андрес во филмот Џејмс Бонд „Доктор Но”?
Ве носиме на виртуелна прошетка низ 10-те најпознати плажа од филмовите:
Плажата
Се работи за е Хат Маја, во близина на Пукет. Тука е снимен филмот на Дени Бојл „Плажата”. Плажата е најголемиот остров на Фи Фи Ле.
Огнени кочии
Познатата сцена во која херојот тренира и трча на плажа е снимена на плажата Вест Сандс во Сент Ендрјуз. Од тука мина и Олимпискиот оган за Лондон 2012 година.
Спасувањето на војникот Рајан
Филмот започнува со сцена во која војниците на САД се наоѓаат на француска територија. Сцената сепак е снимена во близина на Даблин. Трансформацијата на плажата за целите на снимањето чинело милиони. За време на снимањето биле расфрлани лажни остатоци од трупови, крв и остатоци.
Мама Миа!
Поголемиот дел од мјузиклот е снимен на грчкиот остров Скопелос. Песните Does Your Mother Know? и Lay All Your Love On Me се снимени на плажата Кастани.
Д-р Но
Сите се сеќаваат на Урсула Андрес, која излегува од водата на плажа во филмот Д-р Но. Предметната плажа е Лафинг Вотерс, во Oко Риос, Јамајка. Истата сцена се одигра одново во филмот Die Another Day во 2012 година.
Самрак
Плажата е Индиан Бич во Орегон, САД. Тука е снимен и филмот за сурфери “Критична точка”.
Вљубениот Шекспир
Сцените на плажа се снимени на Холкам Бич, Норфолк. Плажата е долга 6 км и е широка речиси 1 километар.
Робинзон Крусо
Том Хенкс го одигра Робинзон Крусо во филмот, а снимките се направени на плажата Монурики во Фиџи. Плажата е долга едвај 1,5 км и е широка 600 метри. За време на снимањето сепак тука живееле 100 луѓе од филмскиот тим.
Апокалипса сега
Сцените на плажа во филмот на Френсис Форд Копола се снимени на Филипините. Плажата е многу популарно место за сурферите.
Талентираниот Господин Рипли
Овој филм е снимен на Италијанското приморје.