Патувачкото кино на МакеДокс вечерва во 20.30 часот, ќе стаса пред Битолчани со проекција пред Офицерскиот дом, како дел од неговата годинешна тура во Битолско и Демирхисарско.
Патувачкото кино познато како Магаренцето на МакеДокс патува веќе петнаесет години и кое стана препознатливо по своето волшебно самарче, раскажува и забележува приказни, спојува луѓе, енергии, судбини, преплетува исконски и современи приказни.
На културата гледа пошироко од кино сали и помпезни настани. Ги носи на грб филмовите и го полни самарот со прикани до кои ретко се допира, ако не се оди пред коперација, на сретсело, ако не се испие кафе или ракија, со некои добри луѓе.
Патувачкото кино на МакеДокс секоја година посетува нови 8-10 (помали) места и села во различни региони од Македонија. По Битола Магаренцето заминува во Цапари на 4 и 5 септември, 20.00 ч, сретсело, во Буково – 6 и 7 септември, 20.00 ч, сретсело и за крај во Долно Оризари – 8 и 9 септември, 20.00 ч, сретсело.
Првата проекција беше Смилево е во соработка со Зрно-Фестивал на алтернативна фотографија и НУ Смилевски Конрес. Патувачкото