Патувачкото кино на МакеДокс секоја година посетува нови 8 до 10 помали места и села во различни региони од Македонија. Сите проекции се сретсело, под отворено небо и се бесплатни.
Магаренцето на МакеДокс во 2024 ќе се прошета во Битолско и Демирхисарско и тоа по следнава програма.
Смилево – 20 јули, 20.30 ч, сретсело
Битола – 10 август, 20.30 ч, пред Офицерскиот дом,
Цапари – 4 и 5 септември, 20.00 ч, сретсело
Буково – 6 и 7 септември, 20.00 ч, сретсело
Долно Оризари – 8 и 9 септември, 20.00 ч, сретсело
Првата проекција во Смилево е во соработка со Зрно-Фестивал на алтернативна фотографија и НУ Смилевски Конрес.
„Магаренцето на МакеДокс патува веќе петнаесет години и стана препознатливо по своето волшебно самарче. Патувачкото кино на МакеДокс раскажува и забележува приказни, тоа е неговата суштина. Спојува луѓе, енергии, судбини, преплетува исконски и современи приказни. На културата гледа пошироко од кино сали и помпезни настани. Ги носи на грб филмовите и го полни самарот со прикани до кои ретко се допира, ако не се оди пред коперација, на сретсело, ако не се испие кафе или ракија, со некои добри луѓе“ , велат од МакеДокс