Патологијата на бугарскиот македонизам

Пловиме во неопходни дигресии, драг читателу, низ комплицираните меандри на македонската судбина денес, која, пак, својата трагична линија ја влече од поодамна низ долгата историја. И бидејќи во овој есеј сме фокусирани на темната за бугарска страст на грабеж на целокупниот македонски културно-цивилизациски имот, пак се враќаме неизбежно на колективниот бугарски синдром за бугаризација на сè што е македонско.

И на Заев и Пендаровски, доколку се тие Македонци. Ставам точка. Главни, највоинствени, би рекле и најпатолошки претставници на тој темен синдром сега се Борисов, Захариева, Каракачанов, европратеникот Ковачев (кој е, впрочем, огледало на „хуманизмот“ и „космополитизмот“ на перверзната ЕУ), како и на сите други бугарски политичари без исклучок. Ако има некој исклучок, нека се јави. Ќе го поздравам со целата душа и срце. Тие ја трујат душата на бугарскиот народ зајакнувајќи го (наместо да ослабуваат и лечат) неговиот анимозитетот кон Македонците, кои, парадоксално, сепак, ги сакаат како Бугари. Да. Но, се разбира, драг читателу, од таа денешна азијатска глутница на бугарските политичари има историско отстапување во позитивна смисла.

Претпоставуваш, станува збор за Ѓорѓи Димитров што го заби знамето на пролетерската интернационала на Рајхстагот во Берлин во 1945-та, познат космополит и хуманист, кој ги призна со отворено срце македонскиот идентитет, дух и нација. Но од неговиот космполитизам и хуманизам нема ни трага денес во Бугарија.

Повеќе од сигурно е дека нема како него денес јунак во неа. А познато е и од митологијата и од реалната историја дека јунакот секогаш страдал не од рамните и посилните од него, туку од подлеците, кои него не само што го убивале туку потоа го растворале и во мравја киселина за да не остане никаква трага од неговиот подвиг којшто не им одговарал ним. Така се случи, имено, и со Ѓорѓи Димитров, еден од најдоблесните Бугари во Бугарија. Целосно е десакрализиран, за да дојдат на негово место такви политички креатури какви што се денес Борисов, Захариева, Каракачанов, Ковачев и сличните на нив патолошки отруени души кон македонизмот. Ако денес се случи по третпат светска војна, сигурен сум дека тие повторно ќе ги фрлат Бугарија и бугарскиот народ во прегратките на фашизмот. Димитров е растворен во мравја киселина.

Дали, пак, за задоволство на западните сенки на фашизмот денес, кој смртно, со либерална маска, се плаши од повампирување на Интернационалата, за што е и формиран НАТО? Прашање за размислување, иако однапред е познат одговорот. Токму така. Современата бугарска екстранационалистичка политика го избриша подвигот на Ѓорги Димитров, го понижи и се обиде да го фрли неговото име низ водите на заборавот, заборавајќи притоа дека личностите легенди никогаш не ги голта таа. А најголемата причина овој светол европски, не само бугарски, деец и јунак да се раствори во мравја киселина е неговиот „грев“ кон Македонија, Македонците и македонизмот, кои ги призна како непобитен историски факт.

Особено сега и во спорот со хунско-варварскиот агресивизам на современата бугарска хиенска политика во врска со присвојувањето на македонската херојска и духовна светлина Гоце Делчев, чии коски Димитров со космополитски амин ги испрати од Софија во Скопје да почиваат во татковината за која се бореше тој. За жал на Пендаровски не како етнички Бугарин, туку како доблесен Македонец, кој во стилот на својот далечен предок Александар Македонски го разбираше светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Она што им е толку многу туѓо денес на тесноградите, набиени во својот протобугарски азијатски национ Бугари.

- Реклама -