Патниците во овој авион најдобро го видоа затемнувањето на Сонцето

Првото затемнување на Сонцето за овој век беше голем настан кој со големо внимание го следеа луѓето ширум целиот свет. Меѓутоа, нечија перспекрива беше далеку подобра од онаа на останатите.

Дефинитивно најексклузивно место за надгледување и фотографирање на првото затемнување во овој век го имаа патниците во авионот кој летал од Манчестер за Рејкјавик. Среќните патници кои беа на летот кон Исланд, добија шанса во целост да го проследат затемнувањето на Сонцето. Пилотите одеа по заобиколен пат така што на патниците им овозможија да го надгледуваат и да го фотографираат ова неверојатно случување.

Тие не се грижеа за тоа дали облаците ќе им ја попречат глетката бидејќи авионот во кој патуваа се задржа долго над архипелагот помеѓу Норвешкото море и Атлантскиот океан.

Прочитајте и:  Единаесет лица повредени од силни турбуленции на летот на „Луфтханза“ од Буенос Аирес за Франкфурт

Доколку ја немавте таа среќа да набавите специјални очила за да го следите овој спектакуларен настан, ќе морате да ја почекате наредната шанса во 2026-та година.

zatemnuvanje-na-sonceto-od-avion-01

- Реклама -