Женевската компанија за часовници Altanus произвела ново креативно решение за оние кои сакаат да додадат боја на својот изглед за ниска цена. Новиот часовник Patch, промовиран од компанијата стара речиси 100 години како првиот хартиен часовник во светот, е достапен во 10 бои и голем број сезонски шари.

За создавање на нивната креација, инспирирана од од традиционалните хартиени украси на карневалот во Виареџио, Тоскана, на компанијата и биле потребни четири години истражување и развој. Со тежина од само 11 грама, часовникот е дизајниран да се адаптира на вашиот зглоб како втора кожа. Но не се плашете дека овој часовник е минлив тренд. Patch е прекриен со специјална облога која го прави отпорен на вода, удари и кинење, што значи дека со малку грижа ќе ве служи долго време. Дополнителен бонус е што секој часовник чини само 24 евра, повеќе од половина од цената на Swatch и многу мал процент од вообичаените луксузни часовници на Altanus.
[Altanus]