Згответе си една поинаква паста. Ви даваме предлог за италијанска „аrrabbiata” , во превод – лута паста.За да ја приготвите ќе ви биде потребно:
Состојки:
2 лажици маслиново масло
3 лукчиња, ситно сечкани
3/4 лажички лут црвен пипер
1 конзерва домати
300 гр сос од домати
1/2 чаша бело вино
500гр лингвини
пармезан по вкус
Начин на подготовка:
Ставете ја пастата да се вари. Во меѓувреме, во тава, загрејте го маслото, додадете го лукот и црвениот пипер. Додадете ги доматите, сосот од домати и виното. Мешајте го сосот околу 8-10 минути, додека да почне да се згуснува. Сварените тестенини исцедете ги и додадете ги во тавата каде што го подготвувавте сосот. Послужете со пармезан и лут црвен пипер.