Истражувањето на американските научници ја поврзува изложеноста на пасивното пушење со голем ризик за спонтан абортус.
Научниците од Розвел Парк Кенсер Институтот додаваат дека пасивното пушење било поврзано и со голем ризик детето да биде родено мртво.
Воочениот ризик бил дополнително зголемен кај бремените жени кои биле изложени на дим долго време, пишува стручниот весник “Tobačo Control”.
Во студијата се користени податоци собрани од околу 80.000 испитаници.
Исто така се потврдило и дека жените што пушат имаат поголем ризик за абортус или мртво бебе.