Пасивна куќа, совршен дом без сметки за греење и ладење

Замислете да живеете во удобна и модерна куќа, без притоа да почувствувате студ, варијации во температурата од една во друга соба или пак задушлив воздух… Помислете и дека постои можност да се живее во дом во кој речиси и никогаш нема да пристигнат сметки за греење или ладење… Можеби звучи премногу добро за да биде вистинито, но токму во вакви услови живеат сите оние сопственици на т.н. пасивни куќи!

Пасивната куќа навидум е како и секој друг дом во кој луѓето можат да живеат, но она што е толку посебно во поглед на овој вид на градба е фактот што станува збор за објект кој бара екстремно малку енергија за греење и ладење. Овој систем на изградба на градежните објекти автоматски обезбедува совршен квалитет на воздухот и највисоки можни комфорни услови за живот.

Значи, станува збор за навидум обична градба, но истата на нејзините сопственици или корисници им нуди и дава значително повеќе од оние традиционалните градби. Така, при првичното разгледување на една пасивна куќа речиси и да нема ништо што најавува дека станува збор за специјален вид на градба, но она што треба да се знае е фактот дека станува збор за систем на градба кој може да се примени на новоизградените објекти, но и на веќе постоечките градби.

Што е пасивната куќа?

Производот пасивна куќа се состои од посебен систем на изградба на градежни објекти со висок коефициент на термоизолираност, или поточно, објект со минимизирани можни загуби на енергија.

Сето тоа се постигнува со посебен систем на градење, вградување на специфични материјали и користење на специјални технологии, вентилирање и изолирање на објектот. Производот се одликува со тоа што е до минимум оневозможена размената на енергија помеѓу внатрешноста и надворешноста на објектот.

Вака изградените објекти, ја користат енергијата, односно топлината и студот кои се генерирани во самиот објект, а важно за овој систем е дека внатрешната страна на ѕидовите треба да биде со температура која е барана за воздухот во внатрешниот простор. За загревање и ладење на ваков објект потребна е многу мала количина на енергија и воздух.

Енергетска ефикасност: Градбата бара екстремно малку енергија за греење и ладење, а системот автоматски обезбедува и совршен квалитет на воздухот и највисоки можни комфорни услови за живот. Пасивната куќа е гаранција дека температура на внатрешните површини на фасадните ѕидови приближно е еднаква со амбиенталната температура, конзистентна и пријатна клима во просториите и комфорна, константна температура без провев.

Чист воздух во просториите: Комфорната вентилација континуирано овозможува хигиенски чист воздух во просториите, контролирана влажност и комплетно прочистен воздух од јаглерод диоксид и сите останати честички и гасови кои се штетни за организмот. Исто така, системот обезбедува снабдување на внатрешноста на објектот со пријатно топол и свеж воздух кој што претходно е инфилтриран од прашина и полен.

Едноставност: Иако можеби многумина ќе помислат дека станува збор за чудна и сложена градба, всушност, пасивната куќа не поставува никакви посебни барања до корисниците и го дава токму спротивното. Изедначената температура на просторот и на површините се обезбедува самата од себе, а луѓето не треба да се грижат ниту за вентилацијата. Едноставно, удобноста на корисникот е вградена во самиот концепт!

Пасивната куќа е пријател на животната средина: Имплементацијата на стандардот пасивна куќа води до значително учество во намалувањето на климатските промени. Воедно влијае на намалувањето на употребата на ограничените ресурси кои се моментно на располагање: нафта, јаглен, гас и други. Емисијата на јаглерод диоксид значително се намалува, од 5 до 10 пати.

Со оглед на тоа дека енергијата која што пасивната куќа има потреба да ја троши е исклучително мала, може константно да се обезбедува од обновливи извори на енергија , но и тоа не само делумно, туку со задоволување на целосните потреби на пасивната куќа.

Кој во Македонија гради пасивни куќи?!

Насоката за специјализирање во сферата на проектирање и изведба на пасивни објекти е она што ја издвојува “Civkon Agi” од останатите градежни компании во Македонија.

Фабрика Никас

Станува збор за компанија која што е стручна за изведба на објекти од секаков тип, а кога ќе се погледне тимот кој работи во оваа организација, ќе се сфати дека во истата е втемелено знаењето и работното искуство од две децении. Потврдата за своето работење преку најсовремени процеси и процедури е и имплементирањето на ISO стандардите уште од самиот почеток на функционирање.

Основната цел на компанијата е во Македонија и регионот да го воведе стандардот на пасивна куќа, што ќе значи и еден нов начин на изведба на градбите кои се долготрајни пријатели на животната средина, намалувајќи го загадувањето и обезбедувајќи на секој клиент совршен дом за живеење.

Резиденцијата на претседателот на Попова Шапка

Тимот на компанијата се состои од 14 искусни, обучени и мотивирани луѓе кои што се подготвени да се соочат со секојдневните предизвици на пазарот. Во рамките на менаџмент тимот се и м-р Габриела Крстевска и Андреј Андреев. Габриела Крстевска располага со долгогодишно работно искуство во областа на стратегискиот менаџмент, финансиското раководење и надворешно трговското работење и Магистер по науки за Менаџмент на човечки ресурси, таа моментално е докторант по Менаџмент.

Андреј Андреев, дипломиран градежен инженер во 2012 година се здобива со престижната диплома за сертифициран инженер за пасивни куќи, која ја издава Институтот за пасивни куќи во Дармштадт, Германија со што тој е единствен во државата и еден од ретките сертифицирани инженери на Балканот.

Во опсегот на услугите на компанијата се градењето, ентериерното уредување, инсталациите, стручниот надзор и техничкиот прием, управувањето со градбите, инженерингот, консалтингот и обезбедувањето на материјали и опрема.

Проектот Кладница

Станува збор за семејна пасивна куќа во Бугарија, лоцирана во населбата Делта Хил, во близината на селото Кладница, на јужните зелени падини на Витоша во убава и природна околина. Еднокатната градба нуди простор за живеење од 450 метри квадратни и во рамките на истата, само темелите, носечките рамки и покривот на гаражата се од армиран бетон. Сето останато е дизајнирано со благи челични и дрвени конструкции.

Овој дом има потреба од само 15kWh/m2 енергија за греење на годишно ниво, а потребата од примарна енергија за сите потреби е 42 kWh/m2 годишно, што е значително помалку од максимално дозволените 120kWh/m2 годишно за една пасивна куќа. Исто така, она што е неверојатно е фактот што куќата нема потреба од климатизација во лето!

Неверојатните резултати се постигнати преку употребата на одлична изолација, оптимизиран компактен обем и внимателен баланс на застаклување, со пресметки за стандардите на пасивните куќи, заштита од сонце, исклучително малку или никакви термомостови, иновативен електро систем и осветлување и вентилациски систем поткрепен со многу добри карактеристики.

Куќата генерира повеќе енергија отколку што троши годишно, па тоа ја прави не само пасивна, туку и добра енергетска зграда. Ова е овозможено преку инсталираните фотоволтаични панели од 12.25kWp на покривот. Тие ја ставаат акумулаторната станица на бекап системот на куќата, која дозволува генерираната енергија да биде искористувана секојдневно во домаќинството, а вишокот во летните месеци да се испорачува во електричниот систем. Одделно се предвидени уште 12 сончеви колектори за топла вода со основна функција да го греат базенот преку летото, а во зима дополнително го помагаат системот за греење.

Преку употребата на максимално квалитетните материјали, изведувачите гарантираат дека во текот на летните денови, кога температурите надвор го поминуваат и 40-от степен Целзиусов, температурата во сите соби во куќата нема да го надминат 25-от степен, додека пак во зимските денови, наспроти негативните надворешни температури, оние во домот нема да се спуштат под 20-от степен Целзиусов.

Куќата исто така е тестирана и позитивно оценета за издржливоста во случај на земјотрес од 9 степени по Рихтеровата скала.

Станува збор за инвестиција која е за само 10% поскапа од традиционалниот начин на изградба, но она што е значајно е фактот дека преку огромната заштеда за греење и ладење, вложените инвестиции се враќаат во периодот од максимум 12 години.

Крајниот резултат е убава и удобна куќа која на жителите секојдневно им носи радост и комфор, чист и свеж воздух внатре, лесна и многу евтина експлоатација. Сигурен и вистински комфорен дом според нај прогресивните светски еколошки стандарди. Проектот е во изведба на архитектонското студио “Arhe” и главниот архитект Георги Николов.

Пасивни куќи ширум светот

Првата пасивна куќа во светот била изградена во Дармштадт во Германија во 1991 година. Додека градбите изградени во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век биле наречени пасивни соларни дизајни кои што имале за цел да ја впиваат топлината од сонцето, системот на пасивни куќи оди неколку чекори понапред, додавајќи супериорна изолација, херметичка изградба, енергетски ефикасни прозорци и внимателно контролирана вентилација како основни елементи на изградбата на домот.

Со оглед на тоа што станува збор за стандард, а не за објект, пасивна куќа може да биде семејна куќа, станбена зграда, хотел, деловна зграда или производен погон. До 2010 година, повеќе од 15.000 објекти во Европа биле изградени или трансформирани во т.н. пасивни куќи, а овој тренд во изминатиот период зазема се поголем интензитет. На следниот линк може да го прочитате интервјуто со сопствениците на првата пасивна куќа во Јута.

Во продолжение можете да погледнете видео и од изградбата на една пасивна куќа, како и неколку фотографии преку кои што ќе се уверите дека станува збор за навидум обична градба која нуди максимално комфорно живеење!

- Реклама -