Партијата Независни Грци до крај против Договорот од Преспа

независни грци

Од грчката партија Независни Грци изјавиле дека до последен момент ќе се борат да не се ратификува Договорот од Преспа во тамошниот парламент.

Оваа партија е во коалиција со владејачката Сириза, а тие не ја поддржале недовербата во актуелната влада, само за да можат од позиција на власт да се борат против примената на Договорот од Преспа, потпишан меѓу Грција и Македонија, како појдовна точка во решението на деценискиот спор со името меѓу двете земји.

Според нив, барањето на Нова демократија за изгласување недоверба на владата била само една стапица во која тие, за среќа, не паднале.

Во соопштението на Независни Грци до грчката јавност се вели дека тие остануваат на власт, за преку институционалната позиција да се изборат против ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент.

Е.Д.

- Реклама -